Kako odabrati madrac? Kupovina na rate
Navigacija Pregled proizvoda
0

Душек Cooler

Неверојатна удобност на ладен душек!

Cijena: KM

Премиум линија производи Moj San

Како лидер во иновациите за производи за спиење, Moj San своите технолошки можности ги насочува кон креирање на производи за лица кои имаат повисоки барања и душеци со високи перформанси. Користејќи материјали кои припаѓаат во самиот светски квалитативен врв, добиени преку соработка со најреномирани партнери ширум Светот, со гордост Ви ги претставуваме душеците од нашата премиум линија.
 

Неверојатна удобност на ладен душек!

Благодарение на душекот Cooler осетете го неверојатното чувство на безтежинска состојба која ви ја овозможува овој фантастичен душек изработен од комбинација на мемори пена од едната и ХР пена од другата страна, а помеѓу нив се наоѓа последното технолошко откритие на супер-микроџебно јадро. Овој вид на јадро Ви гарантира несекојдневна удобност, каква до сега не сте можеле да почувствувате, благодарение на 1000 микроџебови на квадратен метар кои поединечно се прилагодуваат на движењата на Вашето тело и овозможуваат чувство на уникатна и врвна удобност. Со комбинирањето на материјали од највисока класа Moj San ги поместува границите кон овозможување на врвна анатомска потпора на Вашето тело за време на спиењето и со право на овој душек му се поврзува епитетот на Премиум модел. Навлаката е перлива и со специјални Cooler влакна кои гарантираат врвна клима за спиење и на допир овозможува чувство на блага свежина. Станува збор за специјален патент, добитник на награда за иновации на најголемиот саем за мебел во Европа, Интерзум во Келн 2015 година. Вкупната висина на душекот е 30 цм.

Cooler® влакна

Пред да заспиеме нашата телесна температура се намалува. Оптимална температура за спиење е од 18-20 оC. Превисоката температура за време на спиењето му отежнува на телото да ја доведе во оптимална, и во тој случај е потешко да ја прилагодите телесната температура која е потребна за да заспиете. За да се спречи сето ова тука е Cooler® технологијата на произведување платна. Cooler® технологијата е добитник на престижни награди за придонес во унапредувањето на квалитетниот сон на најголемиот саем за мебел во Европа, Келн 2015 година.
  • Висококвалитетна навлака со антиалергиски својства, се пере на 30 оC, направена од плетенина која ги задоволува барањата на Öko- Tex стандардите
  • Навлака на закопчување со патент
  • 7 зонско јадро за распределување на притисокот врз телото
  • Високо прилагодливо јадро базирано на супер микроџебчесто јадро со 1000 џебови на квадратен метар
  • Двостран душек со густа  мемори пена на едната страна и ХР пена на другата страна
  • Апсорбира притисок и не дозволува пречење на партнерот во текот на спиењето
  • Cooler® влакна за подобра клима при спиење и пријатно чувство на свежина, кои се резултат на намалената телесната температура за побрзо заспивање 
  • Cooler® антиалергиска навлака
  • Закопчување со патент
  • ПЕС вата 400 г/м2
  • ПУ пена 1 цм
  • Ретекс
  • Внатрешна навлака
  • Мемори пена ВА6020
  • Мек филц 1000 г/м2
  • ПУ пена ПН3540
  • ХР пена ХР5040 профилирана