Kako odabrati madrac? Kupovina na rate
Navigacija Pregled proizvoda
0

Душек Ortopedico

Правилна ортопедска положба на ‘рбетот!

Cijena: KM

Правилна ортопедска положба на ‘рбетот!

Комбинирајќи два вида на ПУ пена со различна тврдост креиран е душекот Ortopedico, кој со својата структура ги задоволува сите критериуми по кои еден душек може да се нарече ортопедски, со основна функција на поставување на Вашето тело во правилна анатомска положба во текот на спиењето. Страната на душекот на која е препорачано да се спие е со профилирана структура на јадрото, има антидекубитално својство и е практичен за користење во комбинација со подвижен латофлекс каде има потреба од кревање на делот каде е поставена главата или нозете. Се препорачува за лица кои повеќе време поминуваат во кревет, а одржувањето на истиот е овозможено преку перлива навлака која е збогатена со антиалергиски третман. Вкупната висина на душекот Ortopedico е 18 цм.

Tancel ® влакна!

Tancel® се викаат природните целулозни влакна кои се добиваат од стеблото на еукалиптусот. Произведени и патентирани од страна на Лензинг АГ Австрија а се одгледуваат на плантажи, генетски немодифицирани и без употреба на пестициди. Tancel® е значително поцврст и поиздржлив материјал од памукот, цврст како полиестер а истовремено нежен на допир. Главни карактеристики на Tancel® се отпорноста на абење, максимален степен на вентилација и голем капацитет на впивање голема количина влага. Tancel® целулозата не само што штити од појава на бактерии и грини туку и штити од молци.

  • Висококвалитетна навлака со антиалергиски својства, се пере на 30 оC, направена од плетенина која ги задоволува барањата на Öko-Tex стандардите
  • Навлака на закопчување со патент
  • Ортопедско профилирано јадро на душекот со анатомско подржување на телото
  • Овозможена циркулација на воздух во внатрешноста на душекот
  • Антидекубитално својство на душекот
  • Навлака со Tancel® влакна
  • Tencel® антиалергиска навлака
  • Закопчување со патент
  • ПЕС вата 400 г/м2
  • Ретекс
  • ПУ пена ПН3540 профилирана
  • ПУ пена ПТ3044