Kako odabrati madrac? Kupovina na rate
Navigacija Pregled proizvoda
0

Гаранција за квалитет

Квалитетот на MojSan® преку награди и сертификати

Политиката на квалитет на брендот MojSan® е изградена со цел обезбедување на квалитетно спиење, преку квалитетни производствени системи во склад со највисоките светски и европски стандарди во областа на системите за спиење.

Користењето на еколошки прифатливи материјали, имплементацијата на системи за управување со квалитетот, следење на движењата на пазарот, континуирана едукација на човечките ресурси, и надгледувањето на целиот процес од самиот почеток се наоѓа во фокусот на брендот MojSan®.

Ние веруваме дека квалитетот не се состои само од тоа да го имаме комплетниот процес под контрола, туку и секој поединечен аспект на делување мора да биде развиен со иновативен и креативен пристап, а со цел што поголемо задоволство на нашите купувачи. Споменатиот пристап е препознаен од страна на корисниците на нашите производи и благодарение на тоа MojSan® денес претставува лидер на пазарот во Босна и Херцеговина.

 

SUPERBRANDS® награда за квалитет

Глобалниот и независен авторитет од областа на брендингот SUPERBRANDS®, кој преку својата програма делува во преку 88 земји ширум светот, го препозна квалитетот, емоционалниот набој и долгогодишната доследност на брендот MojSan® и нѐ награди со SUPERBRANDS® статус. Овој статус го добиле извонредни светски брендови кои се вредни за доверба кај купувачите, кои знаат да ја препознаат вредноста на производот, и претставува големо задоволство и чест да се биде во друштво на најголемите и најзначајните брендови. Со оглед на фактот дека овој избор е како резултат на мислењата на голем број потрошувачи, развојната политика на брендот MojSan® и понатаму ќе биде насочена кон потполно задоволство на нашите крајни корисници.

OEKO-Tex® 100 сертификат за платно

OEKO-Tex® 100 стандарот е единствен меродавен сертификат за квалитетот на текстилните материјали користени во производството на глобално ниво. Сертификатот OEKO-Tex® 100 класа 1 го поседуваат сите текстилни материјали кои брендот MojSan® ги користи во производството и се набавени од светските лидери во производство на платна DesleeClama® и Boyteks®, со што се потврдува дека истите не содржат состојки кои се штетни по човечкиот организам и се апсолутно безбедни за употреба.


OEKO-Tex® 100 сертификат за пена

Производите од програмата на MojSan® кои во себе имаат пена од било каков тип, се тестирани и како такви се ослободени од било какви штетни материи кои би можеле да предизвикаат негативни ефекти на Вашето здравје. Полиуретанските, HR и мемори пените користени во производството го задоволуваат критериумот за класифицирање 1. класа OEKO-Tex® 100 стандард. Пените задоволуваат високи здравствени критериуми кои се важни за здравјето на човекот, но и за заштита на животната средина и истите може да се користат и за детски, односно производи за бебиња.


SMART SILVER® антибактериски третман

Сите текстилни производи од програмата на MojSan® се антибактериски и антиалергиски. Платната од овој тип се отпорни на колонизација на бактерии, го спречуваат ризикот од продирање, ширење и размножување на истите и со самото тоа го спречуваат развојот на непријатни мириси со главна цел – смалување на можноста за појава на алергии кај човекот. Еден од најефикасните начини и модели на третирање на овие платна е SmartSilver® третманот на база на сребро. Развиен е во САД од страна на компанијата NanoHorizons®. Третманот SmartSilver® е здравствено и еколошки прифатлив и траен за сите производи.


ANTI ACARIA® антибактериски третман

Anti Acaria® е антибактериски и антиалергиски третман кој е развиен и сертифициран од страна на водечкиот светски произведувач на платна DesleeClama® од Белгија. Еден од начините на третирање на платната за добивање на антиалергиски својства од истите, а чии ефекти се забележуваат во спречување на развој на грини, габички и спречување на непријатни миризби. Заштитата на производите MojSan® на овој начин е трајна, ја спречува можноста за појава на алергиски реакции кај човекот, а подеднакво делотворна е и кај синтетичките и кај прироните влакна.


EUROLATEX® Eco standard сертификат за латекс

EuroLatex® Eco Standard, кој го поседуваат латекс материјалите кои ги користи MojSan®, е развиен од страна на асоцијацијата на Европски призводители на латекс, и е сертифициран од страна на водечкиот Европски научно-истражувачки институт TFI Teppich-Forschungs Institut во Ахен, Германија. Овој стандард го дефинира Европското потекло на овој тип на материјали, отсуството на штетни материи опасни по здравјето во тие материјали и гарантира слободно користење на латекс материјалите без никаков ризик за тој што спие.


CITT® d.o.o. сертификат

Во фокусот на нашето делување е континуирано следење на движењата на пазарот, за да можеме што подобро да се прилагодиме кон предизвиците на модерното работење. Посебно внимание посветуваме на едукацијата на човечките ресурси во развивање на презентациски вештини по пат на едукативни тренинзи, а се со цел постигнување што подобар пристап кон крајните корисници на нашите производи. Продажните советници на брендот MojSan® се сертифицирани од страна на реномираната консалтинг агенција CITT ® и континуираното усовршување со цел пружање квалитетни информации на крајните корисници е наша стратешка цел.